Поранешниот возач на Формула 1, Јос Верстапен ги коментираше обвинувањата на неговиот син Макс против Ферари.
Пилотот на Ред Бул рече дека неуспехот на Италијанците во САД е резултат на прекинување на измамата.
– Го видов ова и си помислив:„ О, не! “Ова веројатно не е најпаметната изјава, но го разбирам Макс затоа што е ранет и сака да победи. По паузата, тој немаше шанси против Ферари. Мислам дека сите знаат дека користеле дупки, и ова објаснува зошто тие одеднаш станале толку брзи по прави линии. Ова можеби не е измама, но од етичка гледна точка ова не е целосно исправно. Драго ми е што сега стана јасно, зошто сите беа заинтересирани да дознаат што прави Ферари, изјави Верстапен сениор.
Тимот на Ферари искористи „дупка“ во правилата и успеал да обезбеди поголема моќ на нивните болиди на права патека преку зголемен проток на масло во турбината. Пред Гран-прито во САД и по најавата дека и други тимови ќе го сторат истото, ФИА донесе забрана. По оваа одлука, болидите на Ферари, на трката во Тексас изминатиот викенд беа инфериорни во однос на конкурентите за највисок пласман.