Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа причина во оваа фаза да се укине ветото за почеток на преговорите со ЕУ со Деверна Македонија. Таа ова го изјави во ексклузивното интервју за емисијата „Брисел 1“ на Bulgaria ON AIR по нејзината посета на Битола и Охрид пред неколку дена.
Таму Јотова присуствуваше на отворањето на Културниот клуб Иван Михајлов и се сретна со локалните Бугари. Потпретседателката на Бугарија истакна дека указите за бугарско државјанство издадени на луѓе од Македонија само од 2007 година наваму се 85.000.
„Бугарија има 5 услови, кои се поставени одамна, дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Има 18 состаноци на Заедничката историска комисија и нема ниту една наредба да се менуваат текстовите во учебниците во Македонија“, изјави Јотова.
„Неодамна буквално беше скршен споменик на бугарски офицер. Неколку пати беше кршен, неколку пати беше исмејуван. Во 1903 година беше повикан во Македонија да помогне во борбата против Турците, тој беше убиен од Турците“, додаде таа.