По информацијата дека околу два милиони евра побарале од државата помилуваните од 27 април, актерот Владо Јовановски се преку Фејсбук демантира дека побарал „отштета“.
Тој вели дека веќе земал „отштета“, од „државата” Република Северна Македонија… За премрежијата …
За него, за семејство, за сите блиски и најблиски роднини, пријатели и непријатели…
Премрежија, кои не ги посакува никому!
Ниту, на најголемиот душман, (в’рл дупшман), пишува Јовановски.
„Јас веќе ја зедов “оштетата”, од “државата”
Република Северна Македонија…
За премрежијата …
За мене, за моето семејство, за моите блиски и најблиски роднини, пријатели и непријатели…
Премрежија, кои не ги посакувам никому!
Ниту, на најголемиот душман, (в’рл дупшман)!
Последните пари, ги дадов вчера, за казна од ЕВН, за исклучена струја и повторно приклучување, Од 1742.оо. денари. + (плус)…
Трет пат ми е зимава…!
Но…
Не се жалам…!
Има луѓе кои немаат ниту за струја, а имаат и уште потешки случаи…
Здравствени, лични, семејни…
Најстрашно е што невини луѓе гнијат по затворите…
(ЗА СЛОБОДАТА СТАНУВА ЗБОР)!
Во однос, на пишувањето на некои медиуми и поединци, дека сум побарал пари од “државата”, како надомест…
Ќе кажам…
Сите пари на светов да ми ги дадетe…
НАВРЕДЛИВО ЗА МЕНЕ Е!
За лични работи, не сакам да зборувам…
Жал ми е за сите луѓе, со празни души, кои својата празнотија, мислат дека можат да ја надополнат, со занимавање или опсесија со туѓи животи!
ПРАЗНО И ТАЖНО.
НО, ТОА Е!
ОД ЗАТВОР; СЕ ИЗЛЕГУВА!
ОД МЕНТАЛЕН ЗАТВОР – ТЕШКО.
НЕКА КАЖЕ СУДОТ, КОЈ ПОБАРАЛ ОШТЕТА ОД ОБВИНЕТИТЕ, А АМНЕСТИРАНИ…
НЕКА КАЖЕ…(
КОЈ ОД АДВОКАТИТЕ БАРА ПАРИ…“