На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој истакна дека општина Прилеп била оставена во долгови но истите биле исплатени и како значаен проект ја посочи изградбата на детска градинка, како и обезбедување на бесплатен оброк за учениците како и обезбедување на ученичка униформа.

„Ние успеавме да ја изградиме, го презедовме и долгот од 133 милиони денари коишто во целост го исплати локалната самоуправа од општинскиот буџет и направивме една современа детска градинка, и веќе во напредна фаза е и изработен е проектот за уште една детска градинка во населбата Рид којашто дополнително ќе ги згрижи сите останати дечиња. Обезбедивме и бесплатен оброк за учениците од прво до трето одделение, обезбедивме за шест илјади ученици ученичка униформа“, објасни Јовчески.

Градоначалникот исто така потенцираше дека во завршна фаза е и изградбата на фабриката за селектирање на отпад, како и објасни за изградбата на катна гаража што е значително важна за безбедно паркирање на возилата.

„Сега е во завршна фаза изградбата на фабриката за селектирање на отпад којашто е најмодерна, којашто ќе биде дел од ланецот на поврзување на регионално згрижување на отпадот, имаме примерно и секундарно дури и терцијално згрижување на отпадот. Еден од првите проекти коишто го имавме беше посветен на патната инфраструктура, на сообраќајот, и обезбедување на паркинг места, со првиот проект обезбедивме средства од 120 милиони денари и направивме реконструкција односно рехабилитација на повеќе од 80 улици, направивме една катна гаража каде што значително го обезбедивме и безбедното паркирање на возилата“, објасни Јовчески.