Собранието ги донело измените во законита постапка и Јавното обвинителство е должно да ги применува, изјави државниот обивнител Љубомир Јовески три недели недели откако беше изгласан КЗ, кој предизивкаа бура во јавноста. Иако, Влада не го консултираше Обвинителството а измените беа донесени со европско знаменце за што реагираше и Европската комисија, државниот обвинител Љубомир Јовески смета дека ставот на Обвинителството е ирелевантен бидејки тоа е волја на пратениците.
Колку предмети ќе застарат колку ќе се преквалификуваат Јовески тврди дека во овој момент Обвнителството не може да направи статистика сепак е оптимист дека нема да застарат многу предмети. Вели дека обивнителствата ќе се потрудат се што може да се спасат во предметите и ако имаоснови и докази за конфискација да бараат и конфискување на имотот
Обвинителите периодов работеле на тоа да ги согледаат проблемите и потешкотиите од примената за законот и заедно со вишите обвинители да заземат став, вели државниот обвинител. За секое прашање поединчно и за секој предмет посебно.
Јовески одговори на новинарските прашања по седницата на Советот на јавни обивнители каде се бираше налесник на досегашниот претседател Антонио Јолевски чиј мандат истекува. Новата претседателка која е член на советот од јануари годинава, Душица Димитриевска верува дека законот бил донесен врз основа на некакви анализи, и покрај тоа што најголем дел од институциите потврдија дека не биле прашани за мислење а немаше ниту јавна расправа.
Димитриеска како единствена кандидат за функцијата ја предложи досегашниот претседател Јолевски и беше едногласно избрана од колегите. За свој заменик таа го предложи Иџет Мемети, член на советот и поранешен народен правобранител. Во првата изјава за медиумите тие најавија дека ќе бидат транспаратенти ќе ја надградат работата на Советот ќе придонесуваат за владеење на правото и ќе ја штитат фелата.