Јавното обвинителството будно ги следи информациите за наводна наредба за форензичко бришење на податоци во Специјалното јавно обвинителство и доколку дојде до цврсти сознанија ќе презема соодветни мерки согласно законот, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
-Обвинителството будно го следи овој настан. Од една страна доаѓаат информации дека се врши форензичко бришење на определени компјутери во т.н. СЈО, но оттаму уследи и еден демант дека не се врши бришење на податоците. Како што е познато ние имаме оформен предмет, тоа е во делот на истрага за овие две кривични дела и доколку обвнителството дојде до цврсти сознанија дека навистина се бришат определени податоци во тој дел ќе презема соодветни мерки согласно законот, вели во интервју за Канал 5 телевизија, државниот јавен обвинител Јовевски.
Во овој момент Обвинителството, како што додава, ги проверува овие околности посебно со оглед дека дојде демант од СЈО дека не се врши таа активност.
На прашање во врска со новото Обвинителство, Јовески смета дека треба да се задржат ресурсите од сегашното СЈО, во смисла на буџет и кадар.
-Јас не сум за тоа овие ресурси да се изгубат, туку со интегрирањето на ова Обвинителството со Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да се задржат овие ресурси во рамките на новото Јавно обвинителство, рече Јовески.
Во врска со истарагата за предметот „Рекет“, Јовески вели дека Обвинителството интензивно работи на овој случај.