Очигледно изнервиран што му пропадна понудата од 12 отсто за СОНК и што наставниците продолжуваат со штрајк, на ФБ реагираше министерот за образование Шаќири, кој во својство на воен офицер нареди училиштата утре да ги отворат вратите, а директорите да организираат настава зашто за тоа биле надлежни. Истовремено, се закани со одговорност ако не биде постапено така.
Шаќири очигледно не знае дека со тоа прави незаконски притисок врз СОНК и неговите членови и дека врши повреда на правото на штрајкот од КЗ.
Се разбира, Шаќири не мора да го знае тоа, иако веројатно е обратното, па постапува од позиција на сила. Но, знаел – не знаел, тоа не го оправдува, ниту КЗ признава непознавање на одредбите. Во цивилизирани држави, затоа постојат органи на прогон, како ЈО (МВР на Спасовски нели дреме на ФБ па следикој што шишува?), кое би требало да го потстети Шаќири дека ова не смее да го прави, бидејќи е кривично дело за кое се гони по службена должност.
Истовремено, ЈО е должно да одговори зошто досега не се усогласени платите во образованието и во градинките со ланскиот пораст на минималните плати и со тоа фактички им се украдени пари на околу 30 000 лица кои ззконски им следувале, а во таа насока не би било лошо да ги потпраша и Шаќири и министерската за труд Тренчевска.