Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонија пат.

Претходно беше укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак – Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“. Од ЈП Македонија пат посочуваат дека нивни дежурни екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.