Барселона синоќа во натпревар од 34. коло од шампионатот на Шпанија го победи Виљареал со 4:1 и стигна до 9.000-от гол во својата историја. Нејзин творец беше 17-годишниот напаѓач Ансуман Фати.
Фудбалерот има седум голови и една асистенција на 29 натпревари од тековната сезона. „Transfermarkt“ ја проценува неговата вредност на 36 милиони евра.
Барселона со 73 бода го зазема второто место на табелата со четири бода заостанување зад водечкиот Реал Мадрид.