Дека има се уште голем број југоносталгичари говори и денешниот случај на плажата во црногорскиот град Улцињ.
Граѓаните кои се одмораат на оваа плажа на Јадранското море се опуштале во ритамот на салса, но во еден момент сите гости станале на нозе. А тоа се случило во моментот кога ги слушнале првите стхови од химната на некогашна СФРЈ, Хеј Словени.
Забележано е дека не станале само постарите туку и помлади гости кои биле присутни на плажата, а за бивша Југославија знаат само од раскажување од постарите.
Видеото може да го отворите и ТУКА.