Манчестер јунајтед бил одбиен од Наполи и покрај импресивната понуда од 82 милиони фунти за Калиду Кулибали, неколку дена пред да се затвори трансфер прозорецот, пишуваат во Италија.
„Црвените ѓаволи“ очајно бараа квалитетен централен дефанзивец во срцето на својата одбрана, која дозволи 54 гола на 38 натпревари во Премиер лигата. Главните опции беа Кулибали, како и Хари Мегваер од Лестер, кој на крајот беше привлечен за 80 милиони.
Централниот дефанзивец на Наполи е високо ценет од претседателот Аурелио де Лаурентис, кој претходно овој месец изјави дека ако Мегваер вреди 85 милиони, тогаш неговиот пулен треба да вреди 250 милиони.