Фудбалерот на Сан Хозе, Флоријан Јунгарт, изјави каков впечаток му оставил Златан Ибрахимовиќ кога за прв пат играл против него. Ова, се разбира, се случи кога шведската sвезда го носеше дресот на Лос Анџелес Галакси.

– Мислам дека беше 2018 година кога за прв пат игравме против Златан на Стенфорд и тој го навредуваше секој соиграч. Тој им викаше во сите 90 минути. Беше смешно. Сите се плашеа од него, што просто беше за смеење. Сите негови соиграчи изгледаа како мали деца. Нешто како: „тато, дали можам да те прашам нешто?“, вели дефанзивецот.

Како што е познато, Ибрахимовиќ го напушти американскиот клуб во јануари 2020 година по две сезони во Лос Анџелес.