Полска, најверојатно, нема да ја напушти Европската унија, дури и ако владејачката евроскептичка партија Правда и право победи на изборите што ќе се одржат оваа година, рече претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Јункер изјави за весникот „Полиш дејли” дека нема да има „Полегзит”, по изборите што ќе се одржат наесен.

-Полска е со нас, бидејќи имаме заеднички вредности, нагласи Јункер.

Неговата изјава следува откако најголемата полска опозициска партија објави дека Право и правда би можеле да ја одвлечат Полска надвор од ЕУ.