Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изрази сомневање дали романската влада разбира што значи да се раководи Европската унија во следните шест месеци.

Во интервју за „Велт ам зонтаг“ тој нагласи дека Романија е добро подготвена технички…„но сметам дека владата во Букурешт не разбира целосно што значи да се биде претседавач со државите од ЕУ“.

– Внимателните акции бараат желба да се послушаат другитеи да ги оставиш настрана сопствените проблеми, вели Јункер и додава дека се сомнева дека случајот е таков.

Според него, внатрешнополитичката расправија во Романија е сигнал дека државата може да не изгледа како една целина на европската сцена.