Хаос и беззаконие е описот на хрватски „Јутарњи лист“ за ноќните клубови во Скопјево рамки на нивните текстови за убиството на Денис Тот.
Мафијата историски отсекогаш се обидувала да го контролира ноќниот живот до одреден степен затоа што им нуди многу придобивки: од нелегалниот пазар на дрога до голем број креативни начини за перење валкани пари-пишува „Јутарњи“.
Весникот се занимава и со сопственоста на диско клибот пред кој беше убиен Тот.
“Иако Стефан Стаменков официјално е наведен како одговорно лице во скопската фирма „Супер лајт парк“, која стои зад дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк, јавна тајна е дека сопственик на дискотеката е Цветко Дичевски, подобро познат како Цветко или Цвеле Привилиџ. Се работи за лице кое има досие за убиство во обид со нанесување тешки телесни повреди во 2013 година, а откако хрватскиот ракометар Денис Тот (27), кој настапуваше за скопски РК „Бутел“, беше претепан до смрт пред тој фолк клуб на 7 април околу 3.30 часот дотичниот го избришал својот Фејсбук профил, пишува Јутарњи лист, а пренесува скопски “Фактор“.
Цвеле Привелиџ и Денис Тот во фото-компилацијата на Јутарњи лист
Покрај таа дискотека, го поврзуваат и со кафулето „Манго“, чии активности сега на својот профил ги објавува неговиот татко Митре Дичевски. Оттука, не е чудно што кога се распрашувавме во Скопје за вистинските сопственици на „Привилиџ“, многу соговорници избегнуваа да одговорат. Фолкерскиот клуб „Привилиџ“ е запечатен со решение на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економијана 12 февруари, бидејќи на Стаменков не можело да му биде врачено решение за затворање на клубот на 16 февруари бидејќи немал важечка лиценца. . Иако државниот инспекторат ја има адресата и бројот на мобилниот телефон на одговорното лице! Увидот бил извршен на 13 февруари, кога било констатирано дека фирмата со која раководи Стаменков нема дозвола за работа.
Секој вечер, од пролет до есен, ноќниот живот се сели во угостителските објекти во скопскиот градски парк, каде на површина од повеќе од 1.000 метри квадратни се наоѓа „Привилиџ“, пред која до смрт беше претепан Денис Тот. Измешани се звуците на турбо фолк, техно, секој што мисли дека е важен и сака да биде виден е таму. Но, тоа е и голема сива зона каде законите не постојат и не функционираат. Хаосот и беззаконието на тој простор започна во времето на поранешниот градоначалник Коце Трајановски и продолжи до доскорешниот Петар Шилегов“, пишува Јутарњи.