Жителите на хрватското село Крило Јесенице, близу Сплит, поседуваат вистинско богатство во крајбрежјето на Јадранското Море.
Се работи за своевидна флота од 180 мали рекреативни крстосувачи и, како што наведува хрватски „Јутарњи лист“, секој чини најмалку половина милион евра. Најновите вредат и над три милиони евра, а вкупно чинат можеби и над 270 милиони евра.
Статистички, секој четврти жител е сопственик на еден брод. А, реално, 70-те семејства бродосопственици сочинуваат 75 отсто од вкупниот број ваков вид бродови и „одморалишта на бранови“ во Хрватска.
Секој крстосува, во просек, има екипаж од десетина луѓе, што е корисно и за туризмот и за локалната економија.