Видеото со наводната „палата на Путин“ направено од уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални е прегледано повеќе од 100 милиони пати, покажуваат податоците кои денески ги објави компанијата Јутјуб.
Тимот на Навални објави видео во кое се покажува целиот сјај на палатата, која, според нивните тврдења, му припаѓа на претседателот на Русија Владимир Путин.
По тој повод, Путин изјави дека тој не е сопственик на палатата, ниту некој од неговото семејство.