Јутјуберот Коди Детвилер, познат како Вистлиндизел, купил Ферари само за да го уништи, а паралелно и ја тестирал оваа компанија, со оглед на тоа што е многу заштитнички настроена кон своите возила, дури и откако ќе им се врачат на новите сопственици.

Ова младо момче решило сериозно да ја тестира компанијата Ферари, со оглед на тоа што се „изживувал“ над моделот „F8 Tributo“.

Како што кажува и самиот назив на видеото, „Купив Ферари за 400.000 долари само за да го уништам“, Јутјуберот се однесувал исклучително сурово кон автомобилот.

Тој го возел по трева, чакал и макадам, а успеал со него и да се качи на каллив рид. Во еден момент во текот на возењето удрил и во ограда на приватен имот, а додека поминувал низ дрвјата, една гранка завршила во отворот на хаубата.

На самиот крај на возењето, Јутјуберот застанал со Ферарито покрај човек кој користел брусилка, со што искрите летале кон автомобилот.

Моделот кој Јутјуберот го возел е произведен во 2020 година, а претходниот сопственик поминал помалку од 5000 километри со него.

На крајот на својата „авантура“, момчето грубо го „измил“ автомобилот со апарат за перење под висок притисок, а додека го паркирал во затворен објект, удрил и во скала. Последниот „тест“ вклучувал фрлање предмети со различни големини на балон со топол воздух со кој го „заштитил“ автомобилот.

Дали и како ќе реагираат од Ферари по видеото, останува да видиме.