Ветеранот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ќе реши за својата иднина во март. 42-годишниот голман потоа ќе има разговори со газдите во Торино и ќе донесе одлука дали да потпише нов договор.
– Не знам што ќе одлучи. Мислам дека тој дури и не знае. Ние ќе имаме состанок со газдите на Јувентус на крајот на март и ќе видиме. Тој е среќен тука. Тој се уште се справува добро на 42 години, тој е здрав и во добра форма затоа што тој знае како да се грижи за своето тело. Пред многу години тој рече дека ќе се откаже на 32 години, но тогаш му реков да не брза и да чека кога е околу таа возраст. Тој имаше силна сезона во Париз, Фабио Паратичи често доаѓаше да го гледа таму. Имаше интерес за него, но кога ќе дојде предлогот на Јуве, тоа беше најдобрата опција за неговото семејство, откри агентот на играчот Силвано Мартина.
Од почетокот на сезоната, Буфон е резерва на Војчех Шчесни, откако одигра 7 натпревари во Серија А и само еднаш успеа да ја задржи мрежата чиста.