Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, сè уште е во родната земја Португалија, објави локалниот весник „Рекорд“.
Вчера, изданието издаде соопштението дека Роналдо на 28 април ќе се врати во Италија, но неколку часа подоцна ја демантира својата информација.
Роналдо си замина во родната Мадеира на 9 март, за да ја посети мајка му која доживеа мозочен удар.
Во меѓувреме стивнува епидемијата од коронавирусот во Италија, поради што запре и фудбалот, а Роналдо остана во карантин со семејството во луксузната вила во Фуншал.
Фудбалерите во Италија можат да добијат дозвола за индивидуални тренинзи на 4 мај, а од 18 мај ќе ги обноват и групните активности.