Италијанскиот хегемон Јувентус оствари многу тешка победа од 2:1 над Локомотив Москва на средбата во групата „Д“ во Лигата на шампионите.
„Бјанконерите“ го отворија резултатот во 4-тата минута кога Арон Рамзи го отвори резултатот. Домаќините брзо израмнија преку својата sвезда Алексеј Миранчук, но во 93-тата минута Даглас Коста им донесе успех на гостите по соло акција и двојно додавање со Гонзало Игуаин.
Непосредно пред победничкиот гол, Маурисио Сари го замени Роналдо со Пауло Дибала. Кога го напушти теренот, Кристијано беше видно незадоволен, одби да го поздрави тренерот и му рече нешто во лицето.
На табелата, Јуве собра 10 поени и си загарантира учество во 1/8-финалето. Русите остануваат со 3 бода.
Во следното коло, на 26 ноември, екипата на Торино го пречекува Атлетико Мадрид, додека Баер Леверкузен оди во посета на Москва.