Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин е близу до напуштање на клубот, објави новинарот Николо Скира.
Според изворот, торинскиот клуб е подготвен да му понуди на 32-годишниот Аргентинец 2,5 милиони евра обесштетување за предвремено раскинување на договорот. Беше објавено дека за играчот е заинтересиран Интер Мајами.
Во изминатата сезона во Серија А, Игуаин одигра 32 натпревари, на кои постигна осум гола и забележа четири асистенции.