Јужна Африка: 11 таксисти убиени во заседа, се враќале од погреб на свој колега

/ 22.07.2018

Единаесет таксисти се убиени во Јужна Африка, кога нивниот минибус влетал во заседа додека се враќале од погреб на својот колега.
Сите убиени се членови на Здружението на таксисти на провинцијата Гаутенг, во која се наоѓа најголемиот јужноафрикански град Јоханесбург.

Непознати сторители во саботата навечер ги начекале во заседа на патот во југоисточната провинција КваЗулу-Натал и почнале да пукаат врз минибусот.

„Возилото е нападнато од заседа. Има 11 мртви, додека четворица се сериозно ранети и се наоѓаат во болница“ – изјавил портпаролот на локалните власти и додал: „Во оваа област има многу насилство меѓу таксистите, но уште го испитуваме случајот и ги бараме сторителите“.

Минибусот во Јужна Африка е најпопуларниот облик на такси превоз, и чести се случаите на насилство меѓу ривалските групи кои се борат за доминација во превозот на профитабилните рути, пренесува „Ројтерс“.


Од истата категорија