Јужна Кореја ќе издава т.н. „пасоши за вакцинација“ на имунизирани граѓани против Ковид-19 и со тоа им се придружува на други држави со цел да го заживеат патувањето во странство, истовремено задржувајќи го под контрола ризикот од инфекција и ширењето на вирусот.
Премиерот Чунг Сје-кјун изјави дека мобилната апликација, која ќе им овозможи на странските патници да покажат дигитален доказ за вакцинација, официјално ќе биде промовирана овој месец.
– Воведувањето „ковид пасош“ ќе им овозможи на вакцинираните лица да доживеат закрепнување во нивниот секојдневен живот, истакна јужнокорејскиот премиер, објаснувајќи дека апликацијата користи блокчеин технологија за да се спречи фалсификување.