Генералштабот на армијата на Јужна Кореја денеска соопшти дека е забележан „неидентификуван летачки објект“ во близина на границата со Северна Кореја односно над демилитаризираната зона.
Неидентификуваниот летачки објект е забележан еден ден по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во демилитаризираната зона која ги дели Северна и Јужна Кореја.
Јужнокорејската армија не наведе повеќе детали за типот на леталото.