Еден од двајцата преживеани во јужнокорејската авионска несреќа во која загинаа 179 лица денеска изјави дека веќе бил спасен кога се разбудил.
Преживеаниот, 33-годишниот Ли, бил стјуард во авион на Jeju Air, кој поради технички проблем денеска слетал без тркала и удрил во бетонски ѕид на меѓународниот аеродром Муан, пишува Yonhap.
Прво бил префрлен во болница во блискиот град Мокпо, 311 километри јужно од Сеул, а подоцна во болница.
„Кога се разбудив, веќе бев спасен“, им рекол Ли на лекарите во болницата.
Лекарите велат дека тој е способен да комуницира и нема знаци за можно губење на меморијата. Ли бил примен на одделот за интензивна нега поради повеќекратни скршеници. Другата преживеана е стјуардесата Ко (25), која се наоѓа во медицинскиот центар Асан во Сеул и е во стабилна состојба, иако има повреди на главата и глуждот.