Во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори, со строги ограничувања воведени низ целата земја поради епидемијата на коронавирусот.
Од 6 часот по локално време, отворени се околу 14.000 избирачки места и граѓаните доаѓаат на избирачките места каде се мери нивната температура, правилно оддалечени едни од други и сите заштитени со маски за лице и ракавици.
Парламентарните избори треба да обезбедат поддршка за политиките на претседателот Мун Џае-ин во последните две години од неговиот мандат во спроведувањето на неговата агенда за намалување на фискалните обврски и невработеноста, зголемување на минималните плати и подобрување на односите со Северна Кореја.
Додека изборите се одложени низ целиот свет поради пандемијата, Јужна Кореја е првата земја што одржува избори.
Иако епидемијата во Јужна Кореја стивнува, експертите апелираат на претпазливост и предупредуваат дека епидемијата би можела повторно да се разгори.