Јужноафриканскиот министер за здравство Ејрон Моцоаледи ги повика граѓаните да ја избегнуваат „кучешката поза” во сексот, велејќи дека таа може да предизвика срцев и мозочен удар кај мажите, за што приложил истражување кое Министерството наводно го вршело три години.
– „Кучешката поза” е најнапорната и најстресната за мажот. Приложувам само дел од истражувањето коешто ќе биде објавено на интернет страницата на Министерството, изјави тој.
Министерот наведува дека поза во која мажот при сексуалниот однос коленичи или стои, причинува посилно пумпање на крвта, што пак, предизвикува стрес, замор или „затнување на вените на нозете“, што води кон мозочен удар, пренесува списанието „Инсајтер”.
– Тоа е причината поради која оженетите мажи во ЈАР умираат и ги оставаат своите жени, додава тој.
Моцоаледи рече и дека размислува да му предложи на Министерството за внатрешни работи со закон да се забрани таа поза. Според него, оваа поза може да се практикува на Денот на вљубените или други специјални прилики, но не и секој ден