На барање од Македонците од ОМО Илинден Пирин од Бугарија, претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе прими нејзини претставници на средба, но датумот и терминот уште не се договорени, соопштиле од кабинетот на Пендаровски за порталот СДК.
– Претседателот даде согласност дека ќе ги прими претставниците на ОМО Илинден Пирин. Кога ќе се утврди датумот на средбата, јавноста ќе биде известена, одговориле од кабинетот на Пендаровски за порталот.
Како што е објавено, нема најавена цел на посетата, ни теми на дискусија, ниту пак број на посетители – претставници на оваа организација кои ќе дојдат кај Пендаровски.
ОМО Илинден Пирин е само една од организациите и здруженијата на Македонците во Бугарија, но е најбројна, најактивна во ботбата за правата на Македонците од Пиринска Македонија пред Европскиот суд за човекови слободи и права.