Од кабинетот на заменик министерот на МВР Назим Буши реагираат на веста за неговиот престој во претседателски апартман во луксузен хотел во Истанбул.

Од таму велат дека станува збор за „приватно патување во Истанбул реализирано есента 2020 година за медицински цели за член на семејството, односно во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на Буши како заменик министер“.

„Притоа, напоменуваме дека лицата за време на престојот биле гости на пријател на семејството кој се погрижил околу нивното сместување“, се додава во соопштението од МВР.