Прес-службата на францускиот претседател Емануел Макрон за албанската ABC News изјави дека одлуката на Франција за суспендирање на визната либерализација за Косово ќе се разговара со другите европски партнери и дека тоа е последица на „блокадата на Косово“.
Макрон побара од лидерите на Косово и Србија да се заложат за продолжување на дијалогот во наредните недели, што според него е услов за мир во целиот регион.
Соопштението на прес-службата на францускиот претседател докажува дека тоа е ставот само на Франција во моментов и дека за предлогот не се разговарало и не се дебатирало на ниво на Европската комисија, која е единствена надлежна да носи вакви одлуки, пишува ABC News.