Американските разузнавачки податоци укажуваат дека Талибанците би можеле да го изолираат Кабул за еден месец и да го освојат за 90 денови, изјави денеска претставник на американската одбрана, пренесува Ал Џезира.
Талибанците освоија осум провинциски главни градови во Авганистан за шест дена, со брзина што ги изненади американските власти и сега контролираат 65 проценти од авганистанската територија и се закануваат дека ќе освојат уште 11 провинциски центри.
Американската разузнавачка заедница до минатиот месец предупредуваше дека авганистанската влада може да падне за помалку од шест месеци. Американски официјален претставник, кој сакаше да остане неименуван, рече дека новата проценка е направена откако Талибанците освоија големи делови од Авганистан со изненадувачка брзина.
„Но, тоа не е конечниот заклучок“, рече тој, нагласувајќи дека авганистанските сили имаат шанса да го запрат продоротт на Талибанците.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не жали за одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан по повеќе од 20 години, нагласувајќи дека авганистанската војска има многу повеќе војници од Талибанците и дека треба да се сака да се бори