Израелскиот министер за одбрана Израел Кац, по најновиот ирански напад, истакна дека иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи „не може да продолжи да постои“.
– Диктатор како Хамнеи, кој раководи со земја како Иран и има мисија да го уништи Израел, не може да продолжи да постои, наведе Кац.
Тој додаде дека израелската армија добила инструкции и знае како, „за да ги постигне сите свои цели“.
Хамнеи е најмоќен верски и политички авторитет во Иран повеќе од 30 години. Тој покрај големите овластувања во управувањето со државата, го предводи и тврдокорниот верски режим, кој ја презеде власта за време на Исламската револуција во 1979 година. По соборувањето на монархија формирана е теократска република. Оттогаш, Иран има само двајца врховни лидери, кои ги именува Советот на експерти, а титулата „ајатолах“ се однесува на висок верски претставник во шиитскиот ислам.
Хамнеи е и врховен командант на иранските вооружени сили, поради што е мета на Израел.