Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.

– Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го води планот за уништување на Израел, да ги загрозува САД и слободниот свет и земјите од регионот, и да го угнетува иранскиот народ, ќе биде недвосмислена цел за елиминација – изјави Кац во соопштение.

– Не е важно како се вика или каде се крие – нагласи тој.

Кац додава дека Израел ќе продолжи да дејствува со цела сила, заедно со американските партнери, „за да ги уништиме капацитетите на режимот и да создадеме услови иранскиот народ да го собори и замени“.

Фото: Архива