Израел би го убил врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, доколку тоа беше можно за време на 12-дневната војна меѓу двете земји, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
– Сметам дека доколку Хаменеи беше во нашиот дострел, ќе го ликвидиравме, рече Кац во интервју за израелската јавна телевизија Кан. „Но, Хамнеи го сфати тоа, се спушти длабоко под земја и ги прекина контактите со командантите, заменувајќи ги оние што беа елиминирани, па на крајот тоа не беше реално, додаде министерот.
На почетокот на војната, на 13 јуни, Израел уби неколку високи ирански команданти и нуклеарни научници. Во различни моменти од конфликтот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп навестија дека животот на Хамнеи може да биде загрозен. Дванаесет-дневниот конфликт заврши со примирје постигнато со посредство на САД.