Рамзан Кадиров, лидерот на руската провинција Чеченија и лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека чеченските борци се распоредени во Украина и побара од Украинците да ја соборат нивната влада.
Во видеото објавено на Интернет, Кадиров кажа дека чеченските војници досега немаат претрпено никакви загуби, додавајќи дека руските сили лесно можат да ги окупираат големите украински градови, но дека нивната задача е да избегнат жртви.
Путин, исто така, вчера побара од Украинците да се кренат против нивната влада, која според него е составена од „криминалци и неонацисти“.
На социјалните мрежи вчера се појавија неколку видеа на кои се гледа како чеченските борци во Грозни се подготвуваат да заминат за Украина.
Чеченија порано војуваше со Русија, но сега е под контрола на режимот на Путин.