Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров објави снимка од улиците на градот Попаснаја и иронично се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден, на САД и на ЕУ за набавката на оружје, кое на крајот падна во рацете на руската армија.
Специјалните сили од Чеченија ги расчистуваат украинските засолништа и бази во градот Попаснаја во Луганската Народна Република.
– Практично секоја куќа и секоја улица овде е покриена со модерно оружје, кое националистите го оставија при првата закана. Сега ни се на располагање митралези, суви оброци, па дури и складишта за храна. Така пофалената помош на украинската армија што ја даваат земјите од Европа и Америка, на крајот, нам ни е корисна. Му благодарам на господинот Бајден за неговиот цврст став за повторно опремување на нашите сили. Благодарение на неговиот интегритет, нашите борци добиваат дополнителна храна и оружје, напиша Кадиров на својот Телеграм канал.
Кадиров објавува и снимки од запленетото оружје и опрема.