Руските и чеченските канали на Телеграм пишуваат дека шефот на чеченската држава и цврст поддржувач на Владимир Путин, Рамзан Кадиров, паднал во кома. За ова известуваат и украинските разузнавачи, пренесува скопска Република.
Како што пренесуваат странските и украинските медиуми, претставникот на киевските тајни служби, Андриј Јусов изјавил дека здравствената состојба на шефот на чеченската држава значително се влошила последните денови, но и дека влошувањето на неговата здравствена состојба не е последица на повреда.