Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, човек близок до рускиот претседател Владимир Путин, на Телеграм ја објави новата тактика на руските сили во војната против Украина.
– Преминуваме кон нова тактика на специјалната операција против украинските нацисти. Нема повеќе да се занимаваме со нив. Разговарав за сите детали со Магомед Даудов, шефот на Оперативниот штаб на Република Чеченија за спроведување на операцијата, рече Кадиров.
Тој смета дека на тој начин „непријателот ќе се соочи со најтешките последици од новиот план за одмазда“.
– Сите наши досегашни постапки ќе им личат на детски шеги. Наскоро украинските сили ќе бидат многу, многу лоши. Запомнете ги овие зборови – рече Кадиров на својот канал Телеграм.