Верниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, објави видео на кое вози „сајбертрак“.

Кадиров во видеото тврди дека автомобилот му го испратил американскиот милијардер и иноватор, Илон Маск.

Кадиров монтирал митралез на автомобилот.

„Илон, ти благодарам, дојди во Грозни, ќе те примам како мој најмил гостин“, рече Кадиров.

Тој додаде дека автомобилот ќе го испрати во воената зона.