Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров на социјалните мрежи објави видео од ново оружје и опрема што го добиле припадниците на специјалните сили „Ахмат“.
Станува збор за оклопни возила „БОРЗ“, кои се вооружени со митралези.
„Го тестирав столбот за митралез, опремен според сите безбедносни стандарди, го прегледав митралезот. Задоволство е да се пука од него“, напиша Кадиров во описот на видеото.