Кај Лошињ, Хрватска, денес напладне се урнал помал патнички авион. „Јутарњи“ јави дека веста им е потврдена од Горската служба додавајќи дека несреќата се случила во 11.55 часот кај местото Ќунски.
Авионот имал италијанска регистрација, а станува збор за „пајпер“.
-Авионската несреќа се случила кај аеродромот во 11.55 часот. Во авионот имало четири лица сите државјани на Република Италија. Две лица се полесно повредени, а за другите две не се знае тежината на повредите, но можам да кажам дека од кршот ги извлекуваа пожарникари – изјавил за весникот, Давид Радас портпаролот на Министерството за море, сообраќај и инфраструктура.
На теренот се наоѓаат инспектори на Агенцијата за истражување авионски несреќи од кои се очекуваат повеќе детаљи за несреќата..