Полицијата и припадници на специјална нуркачка единица на МВР и понатаму го бараат момчето кое вчера исчезнало во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, потврди утрово за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Дека по момчето се трага во и околу Вардар кај неготинско Пепелиште, вчера попладне потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.
– Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи. Екипа на нашата брза помош веднаш отиде на местото и ќе остане таму и понатаму, рече Филипова вчера попладне за МИА.