Над велешко езеро „Младост“ денеска се одржува првата трка од државниот шампионат во класата ендуро за 2019 година.
– Истовремено со ендуро трката се одржува и Велес – Офроуд за аматерските ендуро возачи без лиценца и се вози на истата патека со мали измени, а се со цел да се излезе во пресрет на се поголемиот број почетници – љубители на овој спор, појаснуваат организаторите мото клуб „Мото Велес“, кои трката и годинава како и лани ја организираат во соработа со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.
Сашко Ванов, претседател на мото клубот „Мото Велес“ изјави за МИА дека трката што се одвива по нерамна земјена патека за ендуро, ќе се бодува за државниот шампионат во Ендуро и ќе се вози во четири класи : E1 , E2 , E3 и ветерани .
На ендуро трката ќе учествуваат ендуро возачи од мото клубовите во земјава, а во дисциплината ендуро возачи без лиценци и во категоријата ветерани и мото возачи од земјава и соседните земји, најавува организаторот.