Ако во Србија за фолк дива важи Цеца Ражнатовиќ, тогаш кај нас пандан на неа е неповторливата Анета Мицевска-Молика.
За разлика од своите колешки Анета не е од оние кои често се активни на социјалните мрежи, освен кога во прашање е објавување на работната агенда со настапи низ Македонија и светот или пак кога има да се пофали со некоја нова песна, фотосесија или спот.
Затоа кога ќе објави нешто ново, тоа не го заобиколува вниманието на нејзините следбеници. Анета досега има направено доста промени кога е во прашање изгледот и фризурата, но овој пат не само што ја затемни косата, туку избра да облече и бело младешко фустанче кое одлично и прилега и ја прави доста помлада.
Анета е љубител на класичните комбинации во кои изгледа како дама, но оваа промена им се допадна на обожавателите кои не пропуштија да ја пофалат за промената.