Информирањето некогаш и сега
Ако пред дваесетина години луѓето се потпирале на своите роднини и пријатели секогаш кога ќе им треба информација, денес многумина прво погледнуваат во своите телефони. Паметните апликации и интернет пребарувачите ни сервираат илјадници информации секоја секунда. Но, во време кога сме преплавени со некомплетни, непроверени и многу често неточни информации, вреди да се потсетиме каде можеме да прашаме за брза и точна информација.
Телефонската служба за информации 1188 постои со години наназад. Во минатото ја користевме за да дознаеме нечиј телефонски број, ако го знаеме името и адресата на претплатникот или обратно. Но денес, на 1188 може да се дознае многу повеќе. Еве што се можете да дознаете со јавување на службата Информации 1188:
- Kонтакт податоци од индивидуални занаетчии:
плочкари, молери, бравари, слаткари, пекари или автомеханичари – сите имаат свои ажурирани контакт податоци во 1188. Прашајте кој од нив е во Ваша близина, земете телефонски број и полoвина од работата сте завршиле. - Прецизно објаснување како најлесно да најдете некого.
Адресата не секогаш Ви значи нешто – многу често Ви треба некој кој ќе знае да Ви објасни како да стигнете таму ориентирајќи се на објекти и улици кои Вам Ви се познати. Прашајте ги операторите на 1188, тие ќе Ви објаснат. - Податоци за работно време:
редовно, вонредно, викенди и празници – се чини сите работат нон-стоп, освен кога ќе ни притребаат нам. Затоа пред да се упатите кон најблиската аптека, јавете се на 1188 да го проверите нејзиното работно време. - Информации за понудата на правните лица.
Не губете време пребарувајќи десетина различни веб страници за да најдете каде има сервис за шпорети на Горење, резервни делови за Рено автомобил или Maybeline козметика за тинејџери. Јавете се кај операторите на 1188, тие знаат сè. - Други детални информации за работењето на правните лица:
дали вршат достава, кој регион го покриваат, кој доктор работи во ординацијата или колку филијали има банката во Вашиот град. Сите значајни информации ги има во базата на 1188.
Но, ако треба да издвоиме една најважна причина зошто да прашате на 1188, наместо да пребарувате на Гугл, тоа е квалитетот на информациите. Бидејќи колку и да напреднала технологијата, таа сепак не може да ја замени ефикасноста на пријателската интеракција со личност која е тука да Ви помогне.