Рамноденицата се случува само двапати годишно. Ни ја носи пролетта, или, пак, есента. Неделава е најава за долгата и шарена есен. Од 23 септември, кога денот и ноќта траат подеднакво долго, деновите стануваат сѐ пократки, а ноќите сѐ подолги.

Астрономската димензија на феноменот ни е веќе позната. Но, какви се прогнозите и препораките од астролозите на оваа тема? Еве како есенската рамноденица ќе влијае на секој хороскопски знак:

Овен

Деновиве е можно да се почувствувате осамени, бидејќи тешко се справувате со фактот што сите се во напната работна атмосфера, а дружбите ви стануваат сѐ поретки и сѐ послаби. Есенската рамноденица нема да им ги промени обврските на другите луѓе, но ќе влијае на негативниот став што го имате во однос на тоа прашање. Едноставно – ќе станете проактивни и ќе ги планирате средбите однапред, контактирајќи и личности што од поодамна ги немате видено.

Бик

Ниту вие немавте идеален почеток на септември. Повеќети сте жртви на лошата енергија од другите луѓе. Есенската рамноденица ќе ви подари доволно самољубие и здрав егоизам. Потребни ви се за емотивно да се дистанцирате од негативноста. Трпеливи сте и рационални, па ретко го правите тоа, но овојпат навистина ќе си дадете на себе шанса да уживате, независно од туѓите енергетски влијанија.

Близнаци

Вам ви се погоди со уживањето од самиот старт на месецот, барем во споредба со останатите хороскопски знаци. Меѓутоа, дури со есенската рамноденица ќе навлезете во златното доба. Ако сте доволно дисциплинирани, ќе ги остварите сите предуслови за силен професионален напредок. И забрзано ќе се развивате. Ѕвездите се на ваша страна, само мора да вложите, макар минимална количина на труд.

Рак

Иако наесен природата го отфрла старото за да вроди со нешто ново, вам ситуацијата ќе ви биде обратна. Во вашиот живот е можно да се врати личност од минатото, која ќе ве потсети на еланот и занесот од младешките години. Може да станува збор за пријател од детството, далечна роднина, или, пак, симпатија. Пораката од астролозите е да не ја пропуштите приликата. Дури и да ви се чини неважна – сепак воочете ја таа особа.

Лав

Страствени сте во сѐ што правите, а во ова доба од годината, доста енергија вложувате во својата кариера, или, пак, образование. Ако работите не ви се движат во посакуваниот правец, не губете надеж. Есенската рамноденица ќе го преобрази текот на нештата. Во ваша полза – се разбира. Ќе ви пристигнат добри вести, кои може да се однесуваат на работата, или, пак, да ве пренасочат кон некоја друга сфера од животот.

Девица

Хороскопот веќе извесен период ве предупредува дека е време да здивнете, да се ослободите од нервозите, или, пак, да издвоите барем минута за самите себе. Зарем е толку тешко? Есенската рамноденица е крајната граница за ваш психички и физички одмор. Стресот ви се отсликува  на здравјето. Бидете претпазливи.

Вага

Налик на вашиот знак, рамноденицата ги симболизира рамнотежата и балансот. Изразито сте друштвени и со голема смисла за правда и љубезност. Сега е моментот да ги претресете односите кои ги имате изградено, ослободувајќи повеќе време за луѓето кои навистина вредат. Есенва е шанса и да ги усовршите своите дипломатски вештини. Toa што отворено го искажувате мислењето – неретко е на ваша штета.

Скорпија

Деновиве ќе се задлабочите во емоциите и пуштите во потрага по луѓе, кои се послични на вас од сегашното друштво. Ќе ја барате сродната душа на разни полиња, како свесно, така и потсвесно. Резултатот ќе бидат повеќе нови познанства. И, не – нема сите да бидат добри и успешни. Затоа широко отворете ги очите, ама не затворајте го срцето.

Стрелец

Еден од ретките знаци сте што нема да трага по личниот духовен мир. Напротив. Ќе станете поосетливи на социјален план, вртејќи се кон потребите на општеството во религиозна, филозофска и правна смисла. Во таквиот процес, ќе ѝ верувате на сопствената духовност и интуиција, а ќе ви порасне интересот и за природата, културата и уметноста.

Јарец

Дури и вие запловивте неспремни за комлексните меѓучовечки односи. Постојат случаи во кои не знаете што да мислите за луѓето во непосредна близина. Интиуцијата ви се коси со разумот. Сепак, хороскопот ве советува да го послушате потсвесното. Кога се вашите емоции во прашање, рациото никогаш не е добра идеја.

Водолија

Оваа есен ќе ви се роди желба да поработите на својата внатрешна убавина. Да се посветите на моќта на сопствениот ум и наоружате себеси со оптимизам. Рамноденицата и сѐ подолгите ноќи ќе ви помогнат во оваа насока, оставајќи ви повеќе простор за контемплација.

Риби

Есенската рамноденица одново ќе го разбуди уметникот во вас. Во упорната борба со стресот, многумина ќе пронајдат излез во ново и потполно неочекувано хоби. И совршено ќе се снајдете! А, треба ли да се спомене дека емпатијата ќе ви биде поизразена од кога и да е? Искористете го мракот за да ја откриете светлината во себе.