Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата.
Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.
Томовски, денеска на прес-конфернеција информираше дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади возила, нагласувајќи дека МВР заклчучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.