Британските пратеници преземаа контрола врз процесот на напуштање на Европската унија за да се обидат да најдат мнозинство за алтернативен пат што ќе ги извлече од парламентарниот ќорсокак.
Тие ќе имаат серија гласања за разни варијанти за разврска на брегзит. Дебатата треба да почне попладнево (15 часот по Гринич). Претседателот на Долниот дом Џон Баркоу ќе избере кои од предзолите ќе бидат поставени за гласање.
1 – Меѓународен трговски договор што овозможува Британија да биде во царинска унија со ЕУ по брегзит.
2 – Зделка за брегзит што треба да вклучува најмал ангажман за договарање на постојан и сеопфатен царински сојуз со ЕУ за целото Обединето кралство.
3 – Повлекување на декларацијата по Член 50 од Лисабонскиот договор ако Парламентот не се согласи за напуштање без договор.
4 – Јавно гласање за одобрување договор за брегзит пред да биде ратификуван во Парламентот.
5 – Запазување на членството во Европската економска зона и внесување повторно кандидатура за членство во европската асоцијација за слободна трговија
6 – Заеднички пазар 2.0, усовршена зделка во норвешки стил – членство во задничкиот пазар на ЕУ и царински договор со ЕУ.
7 – Планот на опозициската Лабуристичка партија за тесни економски односи со ЕУ
8 – План А на „компромис Малтхаус“, близок до договорот на тереза Меј, но со измени
9 – Напуштање на ЕУ без договор
Пратениците ќе имаат право да гласаат за повеќе од едно од предлозите. Дебатата треба да заврши околу 19 часот по Гринич. Се очекува претседателот на Долниот дом да ги објави резултатите по 21 часот по Гринич. Членовите на Долниот дом планираат да преземат контрола врз процесот за брегзит одново в понедленик 1 април за нова дебата за напуштањето на ЕУ.