Во вторникот десничарскиот украински режим извести дека Аркадиј Бабченко, руски новинар во Киев, силен критичар на Кремљ, бил убиен во неговиот стан. Киев, веднаш прстот го насочи кон Москва, односно како што кажа украинскиот премиер Володимир Хројсман „руската тоталитарна машина“.

За само неколку минути, веста се прошири низ светот, станувајќи насловна сторија на најголемите медиуми во Европа и во САД, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Гардиан„ и Би-би-си, пишува во својата денешна колумна Андре Дамон на сајтот ВСВС.

Тој посочува дека во секој извештај се користела една пропаганда матрица, а таа е дека зад убиството стои руската влада. „Ѕвездата на репортерството на „Њујорк тајмс“, Ендру Хигинс објави дека убиството на новинарот Аркадиј Бабченко, поранешен воен дописник кој предизвикува бес кај руските националисти со неговиот остар критичен глас, е последниот во нападите, многу од нив фатални, на пулените на Путин и внатре и надвор од Русија“.

Инаку, постетува Дамон, Хигинс, кој во 2007 година објавил фалсифиувана сторија за руски војници како влегуваат на украинска територија, наводното убиство на новинарот го стави на листата на криминални дела сторени од Путин, меѓу кои и наводното труење на Сергеј и Јулија Скрипал, како и соборувањето на малезискиот авион.

Во исветивањето, „Тајмс“ и други поголеми весници, се потпираа на една стндардна скрипта:истакнат критичар на Кремљ, заагинал или е повреден, а Москва за тоа веднаш е обвинета.

Во таа еуфорија за Бабченко,одеднаш се се прмени, кога Аркадиј се појави на прес-конференција на која тој кажа дека ја лажирал својата смрт. Но, и покрај драматичниот превсрт, и покрај откритието дека наместо крв на местото на злосторството имало кечап, американските медиуми не се извинија, туку овој пресврт го искористија за да го обвинат Кремљ. Вчера во едиторијал „Њујорк тајмс“ напиша:Што и да се случи, ние тоа не го направивме“.

„Но измамата со убиствотот на Бабченко покажа кој навистина шири лажни вести:тоа не се опозициските сајтови кои се цел на цензура, туку редакциите на главните медиуми во Њујорк, Вашингтон и во Лондон“, истакнува во својата колумна Дамон.